
Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах се наоѓа на раскрсница бидејќи договорот со Ливерпул му истекува наредното лето, а се уште размислува дали ќе потпише нов. На темата новиот договор на Салах се вклучија и поранешните фудбалери на „црвените“.




Џејми Карагер кој денес е стручен консултант во „Скај Спорт“ потсети како поминуваа играчите во минатото кои поради атрактивни понуди си заминуваа. Најсвеж е примерот на Фелипе Кутињо кој во јануари 2018 година пристигна во Барселона и се покажа како големо промашување, сега е повторно во Премиер лигата во дресот на Астон Вила.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Мислам дека Салах би требало да потпише нов договор. Салах е еден од најдобрите играчи во тимот на Клоп. Само би го потсетил на двајца или тројца играчи кои помислија дека е подобро да заминат на друго место и сите видовме како поминаа“, изјави Карагер.




Од друга страна Џејми Реднап смета дека единствено Вирџил Ван Дајк е незамнелив.




„Ќе се најде нов Салах, но не и нов Ван Дајк. Секогаш ќе има одлични напаѓачи кои ќе пристигнуваат во клубот“, истакна Реднап.