Вечерва Јувентус го победи Милан со 1:0 во италијанското дерби, меѓутоа она што најмногу привлече внимание е потегот на Маурицио Сари во 54-тата минута.
Сари во 54-тата минута се одлучи на еден изненадувачки потег – го замени Роналдо. На местото на Португалецот Сари во игра го стави Паоло Дибала кој подоцна и го реши натпреварот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Роналдо веројатно и самиот не памети кога последен пат бил заменет во таа фаза (без самиот да побара). Измената секако не му се допадна, а тоа го покажа и пред камерите.
Португалецот не отиде на клупата за резерви туку се упати право во соблекувалната што секако е против правилата на клубот. Италијанските медиуми објавија дека Роналдо не само што порано отишол во соблекувалната, туку и го напуштил стадионот уште натпреварот пред да заврши.
Cristiano Ronaldo left stadium while Juventus-Milan was still ongoing!
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) November 10, 2019
(he was subbed at 54’) https://t.co/zqEaGysjXU