Стравот од опасноста сезоната во Премиер лигата да биде прекината на одредено време е се поголем, тврди „Дејли Мејл“.




Вчера во Премиер лигата беа регистрирани рекордни 42 случаи на заразени од Ковид, а мечот помеѓу Брентфорд и Манчестер Јунајтед официјално беше одложен поради големиот број на заразени кај „црвените ѓаволи“.




ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Два натпревари на Тотенхем исто така беа одложени поради голем број на заразени, а многу е веројатно и дека дуелот со Лестер во четврток ќе биде одложен.




Се тврди дека клубовите кои имаат позитивни случаи се најмалку пет и тоа може да доведе до ширење на заразата.




Од Премиер лигата настокуваат дека строгото почитување на протоколот и вакцинацијата ќе даде можност првенството да продолжи, но не е исклучено да времено да биде стопирана Премиер лигата.