Продолжува притисокот на клубовите од Саудиска Арабија кога се во прашање ѕвездите на европскиот фудбал. Најнова мета е Садио Мане.
Сенегалецот минатата сезона дојде во Баерн од Ливерпул. И имаше прилично солиден почеток на сезоната. Во првите 14 кола во Бундес лигата постигна пет гола и додаде три асистенции, додека во Лигатан а шампионите трипати се запиша во листата на стрелци и еднаш асистираше.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но потоа следуваше конфликтот со Лерој Сане, по кој се наруши и атмосферата во соблекувалната. Во последниот период се пишуваше дека може да замине, но потоа се огласи неговиот агент тврдејќи дека Мане сака да остане во Баерн.
Но, сега на вратата и кај него тропнаа Саудијцит,е односно тимот на Ал Ахли кој денес го официјализираше трансферот на Роберто Фирмино. (ТУКА)
Финансиските детали не се откриваат, но сигурно дека станува збор за богата понуда.
Understand Saudi clubs are pushing to sign Sadio Mané from Bayern. 🔴🇸🇦
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 5, 2023
Told Al Ahli are insisting in the last few days as they want to reunite Roberto Firmino and Sadio Mané. 🟢 #AlAhli
There’s interest also from other clubs but still waiting to hear for player’s intention. pic.twitter.com/QeD0Qj0JiM