
Њукасл ќе се обиде во финишот од преодниот рок да доведе неколку засилувања.
Бројни фудбалери се поврзуваат со доаѓање на „Сент Џејмс Парк“, а меѓу нив е и играчот на Тотенхем, Деле Али. Наводно, Њукасл започнал преговори со Тотенхем за трансфер на Деле Али.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Али некогаш важеше за голема надеж на англискиот фудбал. Имаше период во кој играше навистина феноменално, но во последните две сезони има голем пад на формата и игра слабо.




Сезонава 25-годишниот играч за врска не е во прв план кај менаџерот на Спарси, Антонио Конте. Деле Али настапи само на 18 натпревари и имаше два старта во Премиер лигата од септември.