Манчестер Јунајтед ќе биде активен на трансфер пазарот во јануари, па покрај напаѓач е на добар пат да обезбеди и засилување за иднината.
Медиумите на Островот пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ спремиле понуда од 30 милиони фунти за „вундеркиндот“ од Бирмингем, Џуд Белингам.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако има смао 16 години тој веќе запиша 23 настапи за Бирмингем, а моментално е на списокот на репрезентацијата на Англија до 19 години.
Белингам важи за еден од најголемите таленти на Островот, го следат сите англиски гиганти, па Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата.
Понудата од 30 милиони фунти вклучува и обештетување и соодветни бонуси, зависно од тоа како Белингем ќе се развива понатаму и ќе напредува.
Man United offer ‘more than £30m’ to land Birmingham teenage sensation Jude Bellingham this month#MUFC https://t.co/3C2nCXmJZ4
— MailOnline Sport (@MailSport) January 21, 2020