Манчестер Јунајтед по 11 години се врати на врвот на листата на клубови со најголема заработка во светот, односно е најбогатиот клуб на светот.
Ревизорската компанија Дилојт излезе со листата за сезоната 2015/16, а според неа, Реал не е повеќе прв. Таа чест сега му припаѓа на Манчестер Јунајтед, а пред Реал се најде и Барселона која го престигна својот најголем ривал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Приходите на Ѓаволите драматично пораснаа изминатата сезона, од 395.2 милиони фунти на 515.3 милиони. Баерн и Манчестер Сити се искачија за едно место, додека ПСЖ падна на шестото.
Во своите пресметки, Дилојт ја мери заработката на клубовите врз основа на приходите од натпреварите, ТВ правата и комерцијалните извори, но не и од трансферите на фудбалерите. Во топ 10 има дури пет англиски клубови што и не е големо изненадување ако се има предвид договорот за телевизиски права што неодамна го потпиша Премиер лигата.
Но, се очекува Јунајтед на првото место да биде само една година, бидејќи не е во ЛШ, фунтата слабее во однос на еврото, а и во останатите клубови влегуваат се поголеми спонзорски договори.
Јунајтед најмногу заработил од самите натпревари (влезници, сувенири…) – 102.8 милиони фунти, но според ТВ правата е дури седми со 140.4 милиони евра. Во овој сегмент прв е Реал со 170.3 милиони фунти, додека е втор Сити со 161.4 милиони.
Man United have returned to the top of the Deloitte Football Money League for the first time in 11 years… pic.twitter.com/fi9VTZ021w
— FourFourTweet (@FourFourTweet) January 19, 2017