Дома Фудбал Англија Јунајтед започна преговори со Погба за нов договор

Јунајтед започна преговори со Погба за нов договор

Раководството на Манчестер Јунајтед започна преговори со претставниците на Пол Погба за продолжувње на соработката, пренесува „Скај Спорт“.

Погба влегува во последната година од договорот, а во неколку наврати изминатите месеци неговиот агент Мино Раиола лично ги подгреваше шпекулациите за трансфер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Манчестер Јунајте седна на преговарачка маса и сака да го задржи Французинот, но ситуацијата е таква, ако не стави потпис на нов договор, тогаш клубот ќе го продаде.

Погба следното лето може да замине без обештетување, а Манчестер Јунајтед сака да избегне такво сценарио и ова лето да се реши иднината на играчот.

Манчестер Јунајтед пред неколку месеци ја активираше клаузулата за продолжување на договорот за 12 месеци, кои истекуваат следната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Подвиг за неверување: Хари Кејн запиша историја на Бернабеу /ВИДЕО/

Фудбалерите на Баерн Минхен триумфираа против Реал Мадрид на Сантиаго Бернабеу со 2:1 во п…