Дома Фудбал Англија Јунајтед договори ново засилувањe: Пристигнува најскапиот бек во историјата на фудбалот?

Јунајтед договори ново засилувањe: Пристигнува најскапиот бек во историјата на фудбалот?

Не е тајна дека Арон Ван-Бисака е голема желба на Оле Гунар Солскјер, а ако им се верува на последните шпекулации од Островот, овој 21-годишен играч е блиску до Манчестер Јунајтед.

Кристал Палас веќе одби две понуди за овој десен бек, но Дејли Рекорд сега тврди дека двата клуба успеале да постигнат договор.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Наводно, Манчестер Јунајтед испратил понуда вредна 62 милиони евра, а Кристал Палас истата ја прифатил.

Доколку ова е вистина и доколку Ван-Бисака премине во Манчестер Јунајтед за споменатата сума, ќе стане најскапиот бек во историјата на фудбалот.

Моментално трансфер рекордот кога се во прашање бековите го држи Бенџамин Менди за кој Манчестер Сити на Монако му плати 57 милиони евра.

Ван-Бисака би можел да стане второто засилување за Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, откако претходно во клубот пристигна Даниел Џејмс од Свонси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ се вклучи во трката за Душан Влаховиќ!?

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ би можел во текот на летото да ја промени средината, а как…