Дома Топ вести Манчестер Јунајтед го купува Санчо на попуст

Манчестер Јунајтед го купува Санчо на попуст

Неодамна германските медиуми пренесоа Борусија Дортмунд постави нова цена за Џејдон Санчо и е спремна на крајот на сезоната да го пушти играчот за 80 милиони фунти.

Манчестер Јунајтед не успеа да го донесе англискиот репрезентативец на „Олд Трафорд“ минатото лето, а проблем беше токму цената од 120 милиони евра, која Јунајтед сметаше дека е превисока.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дортмунд се соочува со сериозни финансиски проблеми и ќе мора ова лето да продаде некоја од своите ѕвезди.

Прва причина за намалување на цената е новонастанатата финансиска ситуација поради пандемијата. Втората причина е слабата форма на Санчо оваа сезона, а англиските медиуми тврдат играчот веќе има договор со „црвените ѓаволи“.

Санчо е примарна трансфер цел на Манчестер Јунајтед и овој пат е спремен да ја плати сумата од 80 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…