Хавиер Рибалта покрај Мино Раиола, можеби е еден од главните виновци што Пол Погба летото 2012 година заврши во редовите на Јувентус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Искусниот скаут работеше како шеф на скаут службата на италијанскиот шампион, а изгледа дека сега тој ќе започне да работи за Манчестер Јунајтед.
Рибалта во својата кариера скаутираше во: Ливерпул, Торино, Милан и Новара, а „Дејли Мејл“ сега пренесува дека тој ќе биде главен кординатор на скаут службата на Манчестер Јунајтед.
Тој истакна дека му било преубаво во Јувентус и им се заблагодари на директорите на „Старата дама“ кои веруваа во неговите способности уште од првиот ден.