Не е тајна дека челниците на Реал Мадрид се во потрага по врвен голман за следната сезона, а прво име на листата на „кралевите“ е голманот на Манчестер Јунајтед Давид де Геа.
На „Сантиаго Бенабеу“ не се претерано задоволни од партиите кои оваа сезона ги пружа Кејлор Навас и по секоја цена сакаат да го донесат Де Геа.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Медиумте тврдат дека двата клуба веќе започнале преговори, а „црвените ѓаволи“ се спремни да го пуштат 26-годишниот голман за сума од 77 милиони евра.
Британските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед веќе нашол замена за Шпанецот, а тоа е голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак. Меѓутоа проблем претставува големата отштета која ја бараат „јорганџиите“.
Според пишуваето на „Марка“, Облак може да го напушти Атлетико само доколку се појави клуб кој ќе плати 100 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула.