Јувентус денеска пред домашните навивачи игра против Верона во последниот натпревар од италијанската Серија А.
„Старата дама“ и оваа сезона ќе ја заврши со двојна круна, а денеска играчите на овој клуб пред своите навивачи ќе го прослават овој успех. Меѓутоа, иако оваа сезона веќе завршува во Јувентус сериозно размислвуаат за следната сезона.
Италијанските медиуми пишуваат дека ќе има неколку промени во играчкиот кадар на „Старата дама“, а тоа особено се однесува на средниот ред. Како што пишува „Calciomercato“ на излезните врати од клубот се наоѓа Сами Кедира кој е многу важен дел од шампионот на Италија.
Наводно, овој 31-годишен фудбалер изразил желба да го напушти Јуве ова лето и кариерата да ја продолжи во Кина или САД. Како што пишуваат медиумите на Апенините тој за ова се одлучил бидејќи речиси сигурно во Јуве ова лето ќе пристигне Емре Чан.