Дома Фудбал Италија Јувентус ќе има нов капитен, изборот ги изненади сите

Јувентус ќе има нов капитен, изборот ги изненади сите

Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Јувентус ќе прави промени во играчкиот кадар на крајот на сезоната.

После раната елиминација од Лигата на шампиони и лошата сезона во Серија А во Јувентус се спремаат за промени, а најверојатно следната сезона ќе имаат нов тренер, но и капитен.

Се очекува на лето Џорџо Киелини да стави крај на кариерата и да ја предаде капитенската трака. Јасно е дека Бонучи нема да ја добие бидејќи го загуби кредибилитетот поради трансферот во Милан.

„Тутоспорт“ пишува дека нов капитен ќе биде Матијас де Лихт, кој веќе се наметнува како лидер на теренот, но и во соблекувалната.

Пауло Дибала е многу подолго време во клубот отколку Де Лихт, но на лето најверојатно ќе го напушти Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…