Дома Фудбал Италија Јувентус ќе гради уште еден стадион!

Јувентус ќе гради уште еден стадион!

Раководството на Јувентус има намера да започна со изградба на нов стадион, пренесуваат медиумите во Италија.

Планот е на новиот стадион да се играат натпревари од вториот тим на Јувентус и мечовите од женскиот тим на „бјанконерите“. Медиумите откриваат дека неговиот капацитет ќе биде околу 5-6 илјади гледачи.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Старата дама“ е еден од малкуте италијански клубови кои имаат сопствен стадион. „Бјанконерите“ домашните натпревари ги играат на „Алијанц Стадиум“ од 2011 година кој е изграден на местото на стариот „Деле Алпи“. Вториот стадион треба да биде изграден веднаш до постоечкиот стадион.

Во моментов вториот тим на Јувентус ги игра натпреварите на стадионот во Алесандрија, а женскиот тим во Новара.

Барселона и Манчестер Јунајтед исто така имаат изградено помал стадион, па намерата на Јувентус е да го следат тој пример.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…