Дома Трансфер зона Јувентус ја следи ситуацијата со Депај

Јувентус ја следи ситуацијата со Депај

Италијанскиот гигант Јувентус внимателно ја следи ситуацијата околу напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај.

Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и добро ја започна сезоната, меѓутоа Чави не е симпатизер на неговата игра.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Притоа, клубот има финансиски проблеми, па сака да го продаде Холанѓанецот и веќе ја одреди цената.

Таквата ситуација сакаат да ја искористи Јувентус кој покажува силен интерес и е спремен да плати 20 милиони евра, колку што бара Барселона.

Алегри е во потрага по напаѓач кој ќе може да биде алтернатива на Влаховиќ, но и да игра во тандем со Србинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…