Дома Фудбал Италија Јувентус уште го исплаќа Сари

Јувентус уште го исплаќа Сари

Maурицио Сари (62) и понатаму е без ангажман откако минатото лето доби отказ во Јувентус.

Освојувањето на Скудетото во неговата дебитантска сезона не беше доволно за италијанскиот стратег да остане на клупата на „старата дама“. Сари го напушти Јувентус на 8. август.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми пишуваат дека Сари и понатаму е под договор со Јувентус и тој има важност до летото 2022 година и дека Јувентус уредно го исплаќа. Сари според потпишаниот договор со Јувентус треба да заработи 17.3 милиони евра и поради тоа не брза со пронаоѓањето нова работа.

Во случај да оди во друг клуб би морал да го раскине договорот, а сигурно дека повторно нема да може да добие таков договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Зидан ќе продолжи трпеливо да ја чека Франција, но има еден проблем

Француската легенда Зинедин Зидан останува апсолутен фаворит за позицијата на нов селектор…