Дома Топ вести Јувентус тргнува по Марко Асенсио

Јувентус тргнува по Марко Асенсио

Реал Мадрид на лето спрема реконструкција на тимот, па сигурно ќе има големо промени на „Сантиаго Бернабеу“.

Шпанските медиуми најавуваат пристигнување на големи ѕвезди ова лето, но сигурно некои од актуелните ѕвезди ќе ги спакуваат куферите.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Еден од оние кои не е задоволен од својот статус во тимот оваа сезона и кои размисуваат за заминување е сигурно и талентираниот Марко Асенсио.

Италијанските медиуми пренсуваат дека Јувентус е сериозно заинтересиран за Асенсио и веќе ги направил првите контакти со менаџерите на Шпанецот.

Асенсиос иако има договор со „кралевите“ до 2023 година сака да ја промени средината со оглед на фактот што оваа сезона го загуби местото во првиот тим.

Асенсио не беше дел од почетниот состав кој Солари го изведе на Ел Класико, во поразот од Барселона, а тоа беше 17-ти пат оваа сезона младиот офанзивец да почне меч од клупата за резервни фудбалери.

Минатото лето Јувентус го доведе Кристиано Роналдо од Реал Мадрид, па сега ќе се обида да доведе уште една ѕвезда од „кралскиот“ тим.

Сепак, ќе мора да се избори со силната конкуренција бидејќи за потписот на Асенсио силен интерес покажуваат уште Баерн Минхен, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

https://youtu.be/ewBt-ItltWg

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пеколна нокаут фаза: Шпанија, Франција, Германија и Португалија од иста страна

Веќе е при крај групната фаза на Европското првенство и полека се право костурот за нокау …