Летниот трансфер период се ближи, а поради пандемијата со коронавирус ова лето ќе бидеме сведоци на многу трами.
Јувентус не се откажува од намерата да го донесе еден од најголемите италијански таленти, Федрико Киеза и веќе спрема понуда која Фиорентина тешко ќе може да ја одбие.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фантастичниот Киеза е приоритет број еден за Јувентус и „старата дама“ е подготвена да понуди дури четворица фудбалери.
„Бјанконерите“ имаат намера да ги испратат дефанзивците Кристијан Ромеро и Даниеле Ругани во Фиренца, како и голманот Матија Перин и левиот бек Пелегрини.
22-годишниот Киеза оваа сезона повторно блеска и на 26 меча постигна 7 гола и запиша 5 асистенции.
Останува да видиме како Фиорентина ќе реагира на оваа понуда, а клучна улога може да одигра Матија Перин бидејќи „виолетовите“ се силно заинтересирани за голманот.