Дома Фудбал Италија Јувентус со специјален дрес за Суперкупот (фото)

Јувентус со специјален дрес за Суперкупот (фото)

Јувентус потврди дека ќе игра со специјален дрес во мечот за Суперкупот на Италија против Лацио.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мечот се игра во Ријад, Саудиска Арабија и токму тоа ги инспирирало „бјанконерите“ да излезат со дресови на кои имињата ќе бидат напишани со арапски букви.

„Со овие дресови Јувентус уште еднаш сака да покаже дека е поблиску до сите фанови насекаде во светот. Сметаме дека со овој потег Суперкупот ќе го направиме уште поспецијален“, соопштија од клубот.

Во продажба ќе бидат пуштени само 500 дресови со специјални кутии и потписи на Кристиано Роналдо, Дибала, Матијас де Лихт, Пјаниќ и Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неверојатно: Кејн го урна државниот рекорд!

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, вечерва изјави дека е исклу…