Дома Трансфер зона Јувентус сака да го „украде“ Чалханоглу од Милан

Јувентус сака да го „украде“ Чалханоглу од Милан

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус сака да го „украде“ Хакан Чалханоглу од редовите на Милан.

Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“,  но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.


Турскиот "Роналдо" го предизвикува Кристијано! ↓↓↓


Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“ и веќе започна преговори со неговиот агент, но двете страни се далеку од договор.

Ситуацијата будно ја следи Јувентус кој е спремен да ги задоволи финансиските барања на Чалханоглу и да го донесе на лето како слободен агент.

Милан ќе се обиде по секоја цена да избегне такво сценарио, а доколку играчот не стави потпис на нов договор до јануари, може да биде продаден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус го купува синот на Турам

Јувентус покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат …