Дома Трансфер зона Јувентус сака да го врати Скамака во Италија

Јувентус сака да го врати Скамака во Италија

Италијанскиот напаѓач Џанлука Скамака минатото лето се пресели во Вест Хем, но може експресно да се врати во Серија А.

Скамака со настапите во Сасуоло се етаблираше во еден од најголемите таленти на Апенините, но во Премиер лигата се уште не може да се адаптира.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ситуацијата будно ја следи Јувентус, кој покажува сериозен интерес и сака на лето да го донесе во своите редови.

Скамака до сега постигна 8 гола во сите натпреварувања, но главно е на клупата за резерви и сака да ја промени средината.

Јувентус во минатото два пати се обиде да го доведе Скамака, но безуспешно, па верува дека сега е вистинскиот момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…