Eкипата на Јувентус изгледаше одлично во првото коло од Серија А во кое избраниците на Тијаго Мота славеа победа со 3:0 против новајлијата Комо.
Интересно е што составот со кој настапи Мота во првиот натпревар е најмладиот кој го имал Јувентус во последните 30 години. Мота му даде шанса и на непознатиот Мбагули. Младиот Белгиец кој играше во вториот тим минатата сезона постигна гол и асистираше, па така имаше деби за паметење.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шанса по повредата на Тимоти Веа доби и Николо Савона, па јасно е дека Мота сака да им даде шанса на младите фудбалери кои имаат потенцијал.
Кога се засилувањата во прашање, договорен е Калулу од Милан и тој би требало да биде во конкуренција за настап веќе за следното коло. Освен тоа блиску до преселба во Торино се Копмајнерс од Аталанта и Нико Гонзалес од Фиорентина.