Дома Трансфер зона Јувентус продава една ѕвезда за да го финансира трансферот на Влаховиќ

Јувентус продава една ѕвезда за да го финансира трансферот на Влаховиќ

Раководството на Јувентус е спремно да се раздели со дефанзивецот Матијас де Лихт на крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.

Менаџерот неодамна и јавно потврди дека дефанзивецот сака да го напушти Јувентус на крајот на сезоната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На „старата дама“ воопшто не и се допаѓа таквата ситуација и донесе одлука да го продаде дефанзивецот на крајот на сезоната.

Притоа, Јувентус сака со неговата продажба да го финансира трансферот на Душан Влаховиќ, кој за 75 милиони евра ќе се пресели во Торино.

Финансиската ситуација во клубот не е добра, па „бјанконерите“ веруваат дека истата сума ќе ја добијат од продажбата на Де Лихт и така ќе го финансираат трансферот на Влаховиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…