Дома Трансфер зона Јувентус преговара за трансфер на Санчо

Јувентус преговара за трансфер на Санчо

Јувентус е силно заинтересиран за ѕвездата на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец, Џејдон Санчо.

Откако се договори трансферот на Федерико Киеза во Ливерпул, „бјанконерите“ ги интензивираа преговорите за трансфер на Санчо.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Санчо минатата сезона ја помина на позајмица во Борусија Дортмунд, каде ја оживеа кариерата, но нема намера да остане во Манчестер Јунајтед.

Интересот на Јувентус е најконкретен, а и самиот фудбалер е отворен за преселба во Серија А. „Старата дама“ ќе се обиде да го доведе на позајмица со право на откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…