„Газета дело Спорт“ пишува дека Јувентус со сигурност до крајот на преодниот рок ќе го испрати Марко Пјаца на позајмица.
Поранешниот играч на Динамо е голема желба на Каљари. Претседателот на Каљари, Томасо Гиулини ги цени квалитетите на Хрватот и договорот со Јувентус наводно е многу блиску.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот шампион и лидер одобрил позајмица на Пјаца во Каљари. Во Каљари Пјаца ќе има прилика да ја врати формата од пред повредата. Според информациите се преговара само околу траењето на позајмицата.
Првата опција е позајмица до крајот на сезоната, но можна е и позајмица од 18 месеци, тоа би значело дека Пјаца за Каљари ќе игра и наредната сезона. Засега не е познато дали Јувентус ќе дозволи Каљари да има право на откуп.