Дома Фудбал Италија Јувентус не е помеѓу фудбалските гиганти само поради Роналдо?!

Јувентус не е помеѓу фудбалските гиганти само поради Роналдо?!

Едно е сигурно, дека Кристијано Роналдо во Јувентус ќе донесе дополнителен квалитет, со што ќе се зголемат шансите за атак на шампионската титула во Лигата на шампионите, но тоа не е никаква гаранција, тврди Лотар Матеус.

„Старата дама“ во последните четири години, двапати беше дел од финалето во елитното натпреварување, но ниту еднаш не го подигна трофејот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Роналдо е во поодминати години. Тој исто како и Јувентус верувам дека ја посакува Лигата на шампионите. Таму тој може да ги покаже своите квалитети, а Јувентус може значително да се доближи до врвните тимови, но дека во кругот на гиганти е само поради Роналдо, тоа не е точно“, вели Матеус.

Португалецот, денес е најавено да го има своето деби за црно-белиот дрес во мечот против Киево во рамки на италијанската Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Борусија Дортмунд донесе одлука за иднината на Нико Ковач

Шест кола пред крајот на Бундес лигата, со БорусијаДортмунд под водство на Нико Ковач, тим…