Екипата на Јувентус долго време се обидува да го доведе Теун Копмајнерс од редовите на Аталанта, а сега од Бергамо пристигна потврда дека и самиот фудбалер притиска да се реализира трансферот.
Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини откри дека фудбалерот повеќе не сака да тренира со тимот и јасно кажал дека сака да се пресели во Торино.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Се се одвиваше според планот до минатата недела, тогаш Теун Копмајнерс ни кажа дека сака да се пресели во Јувентус. Тој не сака ниту да тренира повеќе со нас“, изјави Гасперини.
Копмајнерс веќе ги договорил личните услови со Јувентус, но се чека договор помеѓу двата клуба.