Дома Фудбал Италија Јувентус му се поклони: Тој е синонимот за „војникот со лавовско срце“ (ФОТО)

Јувентус му се поклони: Тој е синонимот за „војникот со лавовско срце“ (ФОТО)

Навивачите на Јувентус приредија кореографија во пресрет на стартот на мечот против Барселона.

На голем транспарент, фановите на Јувентус го истакнаа ликот на Марио Манџукиќ, кого го нарекоа „војник“ и го ставија пред останатите фудбалери на „Старата дама“ кои останаа во негова сенка на оваа кореографија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За време на кореографијата, ТВ камерите ја снимија реакцијата на Манџукиќ на клупата за резервни играчи и јасно можеше да се види дека Хрватот беше и повеќе од горд, па и помалку изненаден.

Можеби не е најдобар играч на Јувентус, но Марио Манџукиќ во денешниот фудбале направи од себе синоним за фудбалер кој секогаш го остава срцето на терен. Таквите кај навивачите секогаш ја имаат почитта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познати двојките во полуфиналето на ФА купот – кој ќе го освои пехарот?

Фудбалерите на Манчестер сити ќе играат во полуфиналето на ФА купот против Саутемптон, как…