Јувентус се обидува по секоја цена да го донесе капитенот на Ајакс, Матијас де Лихт, иако играчот преферира преселба во Барселона.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус има план и му нуди трампа на Ајакс. „Бјанконерите“ за потписот на Де Лихт нудат 50 милиони евра и талентираниот напаѓач Моис Кин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кина кој има само 18 години веќе дебитираше за италијанската репрезентација и важи за еден од најталентираните напаѓачи во светот.
Олеснителна околност во целата операција е што двајцата фудбалери имаат ист менаџер, а тоа е Мино Раиола, кој сака да ја го однесе Де Лихт во Јувентус.
Сепак, потешката мисија е да се убеди дефанзивецот да се пресели во Торино, бидејќи тој по секоја цена сака да игра за Барселона, која е силно заинтересирана за неговиот потпис.