Дома Трансфер зона Јувентус купува уште еден Србин во јануари

Јувентус купува уште еден Србин во јануари

Јувентус во зимскиот преоден рок сака да ја засили одбраната и приоритет е доведување на еден централен дефанзивец.

Италијанските медиуми пренесуваат дека прво име на списокот на Алегри е српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


21-годишниот дефанзивец игра одличо во Салцбург, а Јувентус е спремен да понуди 25 милиони евра за неговиот потпис.

Павловиќ пристигна во Салцбург од Монако за 10 милиони евра, но неговата цена драстично порасна со неговите одлични настапи.

Доколку се реализира овој трансфер Павловиќ ќе им се придружи на своите сонародници Костиќ и Влаховиќ во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…