Торински Јувентус би можел да биде следната дестинација за шпанскиот фудбалер Хектор Белерин.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Старата дама сериозно е заинтересирана за доведување на десниот бек на Арсенал и веќе спремиле понуда од 50 милиони евра за неговите услуги.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Топџиите се спремни да го продадат 23. годишниот дефанзивец. Сепак, бараат повеќе пари, но веројатно нема да биде проблем и договор може да биде постигнат.
Белерин во Арсенал пристигна во 2011. година. Стигна од Барселона, а член на првиот тим на Арсенал стана после две години.
Шпанецот за Арсенал одигра вкупно 151 натпревар и постигна седум погодоци, а покрај Јувентус интерес за неговите услуги покажува и Манчестер Сити.
Сепак, Јувентус за сега е поблиску до него и доколку трансферот се реализира од следната сезона ќе го гледаме во црно-белиот дрес на тимот од Торино.