Јувентус и Рома официјално ја објавија размената на Леонардо Спинацола и Лука Пелегрини, за која постоеше договор веќе неколку дена.
Спинацола е проценет на 30 милиони евра, додека вредноста на младиот Пелегрини е 21 милион, па „волчицата“ ќе им доплати на „бјанконерите“ уште 9 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двајцата фудбалери вчера успешно ги поминаа лекарските прегледи и ставија потпис на 4-годишни договори.
Спинацола минатата сезона имаше проблем со повредите и одигра само 7 меча за „бјанконерите“ во Серија А.
Од друга страна 20-годишниот Пелегрини важи за еден од најголемите таленти на Апенините.
https://youtu.be/yDHTtNGzvtM