Јувентус е силно заинтересиран за играчот на ПСЖ, Леандро Паредес, пренесуваат италијанските медиуми.




Јувентус е во потрага по квалитетни засилувања на средниот ред, а голема желба на Алегри е токму Паредес.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Двата клуба веќе започнале преговори и се спремни да направат трампа ова лето. „Светците“ се спремни да го пуштат Паредес, а за возврат го бараат Моис Кин.




Моис Кин е на позајмица во Јувентус со право на откуп, па „бјанконерите“ се спремни да го откупат за да ја комплетираат трампата.




Паредес има искуство во Серија А, а Кин една сезона играше во ПСЖ, па двата клуба ќе бидат задоволни од ваква трампа.