Дома Топ вести Јувентус и Милан ја сакаат ѕвездата на Наполи

Јувентус и Милан ја сакаат ѕвездата на Наполи

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Милан се силно заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.

25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Договорот на Шпанецот со Наполи истекува во јуни 2023 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Милан и Јувентус се во потрага по квалитетен играч за врска и веруваат дека Руиз би бил идеално решение бидејќи е еден од најдобрите во Серија А.

Меѓутоа, конкуренцијата за неговиот потпис е голема бидејќи го сакаат уште Реал Мадрид, Арсенал и Манчестер Јунајтед, а Наполи преферира да го продаде надвор од Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…