Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Интер се сериозно заинтересирани за играчот на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Корентин Толисо.
25-годишниот играч за врска минатата сезона подолго време беше надвор од терените поради повреда на коленото, оваа сезона често добива шанса за настап, но Баерн е спремен да го стави на продажба на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Толисо пристигна на „Алијанц Арена“ во 2017 година од Лион за 40 милиони евра, а Баерн планира да ја врати приближно вложената сума.
Јувентус и Интер се спремни да ја платат таа сума и веќе ја започнаа трката за потписот на Французинот, кој од следната сезона најверојатно ќе игра во Серија А.