Дома Трансфер зона Јувентус испрати прва понуда за Копмајнерс

Јувентус испрати прва понуда за Копмајнерс

Јувентус веќе ги потврди трансферите на бразилскиот фудбалер Даглас Луиз и Кефрен Тирам, но „старата дама“ нема намера да застане тука.

Според последните најави уште еден играч за врска ќе пристигне во Торино, а тоа е Теун Копмајнерс од Аталанта.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Холанѓанецот е главна трансфер цел на „бјанконерите“ и веќе подолго време се во преговори со неговиот агент.

Аталанта одреди цена од 60 милиони евра. Копмајнерс, пак, ги договорил личните услови со Јувентус и се согласил за плата од 4.5 милини евра годишно, плус бонуси.

Јувентус испрати прва понуда од 45 милиони евра, па се очекува во преговорите да бидат вклучени и големи бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…