Дома Трансфер зона Јувентус добива 20 милиони евра, пронајде клуб за Закарија

Јувентус добива 20 милиони евра, пронајде клуб за Закарија

Според последните информации, Монако го заврши трансферот на Денис Закарија од Јувентус.

Јувентус долго време бараше клуб за Закарија, а на крајот Монако се појави како решение. Швајцарскиот играч за врска ќе се придружи на клубот од Кнежеството за сума од 20 милиони евра, а Јувентус ќе добие 5% од сумата од неговата следна продажба.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Така Јувентус се ослбодува од уште еден играч откако претходно го продаде Артур на Фиорентина. Закарија во досегашната кариера играше за Сервет и Јанг Бојс, потоа Борусија Менхегладбах, па Јувентус кој го испрати и на позајмица во Челзи.

За Јувентус Закарија одигра 15 натпревари и запиша по еден гол и асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…