Дома Трансфер зона Јувентус добива конкуренција: Артета го сака хит играчот од Серија А

Јувентус добива конкуренција: Артета го сака хит играчот од Серија А

Екипата на Арсенал наводно покажала голем интерес за младиот италијански дефанзивец Рикардо Калифиори (22).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дефанзивецот на Болоња по одличната клупска сезона во добро светло се покажа и на Европското првенство во дресот на Италија. Претходно се пишуваше дека најблиску до неговиот потпис е Јувентус, но сега наводно во игра е и Арсенал.

На Островот се пишува дека Микел Артета сака да ја засили последната линиај и Италијанецот се наведува како една од можните опции.

Калифиори е „дете на Рома“, но на „Олимпико“ не доби вистинска шанса, па среќата ја побара во Џенова, една сезона потоа одигра и за шавајцарски Базел пред потпише за Болоња и тој трансфер се покажа како вистински потег.

Дресот на репрезентацијата на Италија го носеше пет пати, а сигурно ќе се памети асистенцијата за Закањи за голот против Хрватска со кој Италија ја помина групната фаза. Настапот на ЕП, Италијанците го завршија во осминафиналето каде што ги победи Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…