Екипата на Јувентус би можела да направи интересен потег на трансфер пазарот.
Наводно, „старата дама“ е заинтересирана во своите редови да го доведе Кефрен Турам Улијен, синот на поранешниот фудбалер на италијанскиот гиганат, пишува „Тутоспрот“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шампионот на Италија одлучи поинтезивно да го следи развојот на овој фудбалер, а се наведува дека нешто би можело да се случи во наредните неколку месеци.
За разлика од Лилијан, Кефрен кој сега има 16 години игра на позицијата последен играч за врска и по стилот на игра повеќе потсетува на Патрик Виера.
Малдиот Турам е роден во Парма каде што неговиот татко и настапуваше во 2001 година. Во овој момент е член на тимот на Монако до 19 години.
Лилијан навивачите на Јувентус го паметат како одличен фудбалер, дресот на „старата дама“ го носеше од 2001 год 2006 година и беше еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња.