Јувентус е силно заинтересиран во своите редови да ја донесе ѕвездата од големиот ривал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанските медиуми пренесуваат дека „бјанконерите“ можат да го донесат дефанзивецот на Интер, Стефан де Врај без обештетување.
30—годишниот Холанѓанец влезе во последната година од договорот и одби да го продолжи договорот со Интер, па во јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови.
Јувентус ја следи ситуацијата и наскоро ќе стапи во контакт со неговиот агент и сака да го доведе на лето како слободен агент.
Алегри е во потрага по искусен стопер и верува дека Холанѓанецот ќе биде идеално засилување за тимот.