Италијанскиот шампион Јувентус денес го објави списокот на играчи кои ќе патуваат на азиската турнеја во Сингапур, Кина и Јужна Кореја.
Заедно со имињата, клубот ги објави и броевите со кои ќе играат фудбалерите следната сезона. Најголем интерес предизвика Гонзало Игуаин, кој нема да го носи дресот со број 9.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот го зеде дресот со број 21, а медиумите тврдат дека Јувентус ја чува „деветката“ за Мауро Икарди.
Многу ѕвезди на Јувентус ќе ја пропуштат турнејата. Даглас Коста, Манџукиќ, Пјаца, Кедира, Рамзи и Киелини останаа да тренираат индивидуално. Од друга страна Дибала, Квадрадо и Кин добија подолга пауза за одмор.
Juventus Summer Tour 2019 Powered by @Jeep, the squad list#MeetTheWonder #LiveAhead pic.twitter.com/69h01wjQx5
— JuventusFC (@juventusfcen) July 19, 2019