Италијанските медиуми шпекулираат дека Душан Влаховиќ би можел да го напушти Јувентус во летниот преоден рок, а веќе се најавува и кој би можел да биде наследникот на српскиот напаѓач.
„Калчомеркато“ пренесува дека една од опциите е Бразилецот, Ришарлисон кој како што стојат работите ќе го напушти клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ришарлисон по елиминатација на Тотенхем и од Милан во Лигата на шампионите јавно изрази незадоволство поради малата минутажа која ја добива кај тренерот Конте. Конте брзо му возврати и му порача дека е во право кога вели дека има „сра*е“ сезона, но не треба него да го обвинува за тоа.
Јувентус е првиот клуб кој се поврзува со Ришарлисон по таа ситуација, фудбалерот веројатно не би му пречел трансфер во италијанскиот гигатн. Сепак треба да се види и дали „старата дама“ и „петлите“ можат да пронајдат заеднички јазик за оштетата.