Дома Трансфер зона Јувентус веќе ангажирал посебен „преговарач“, стартува операцијата „Марсијал“!

Јувентус веќе ангажирал посебен „преговарач“, стартува операцијата „Марсијал“!

martial

Ентони Марсијал е блиску до заминување од Манчестер Јунајтед.

Експлозијата на Маркус Рашфорд и фактот што Мурињо повеќе му верува на Санчез, иако Чилеанецот барем засега не покажува ништо, би можеле да бидат причините поради кои Марсијал ќе го напушти „Олд Трафорд“.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


За Марсијал интерес покажува Јувентус и наводно Италијанците се спремни да платат 70 милиони евра.

Како што пишуваат медиумите на Островот, Марсијал за евентуалниот трансфер во Јувентус разговорал и со неговиот сонародник кој е веќе член на Јувентус, Блез Матуиди.

Матуиди во Јувентус пристигна пред половина година од ПСЖ, а оваа сезона одигра 38 натпревари.

Марсијал поседува квалитети за најголемите клубови во Европа, а учинокот од 11 голови и 10 асистенции на 40 одиграни натпревари тоа го потврдува. Покрај Марсијал заедно со напаѓачот во Торино би можел да пристигне и италијанскиот дефанзивец Матео Дармијан кој не се снајде на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса се вклучи во трката за колумбиската ѕвезда

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гиган…