Ѕвездата на Јувентус, Даглас Коста ова лето најверојатно ќе ја напушти „старата дама“.
„Старата дама“ е спремна да се раздели со Даглас Коста, а цената на трансферот би требало да изнесува околу 40 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Даглас Коста оваа сезона играше малку бидејќи често беше повреден, па Јувентус сака да се ослободи и да заработи на неговото заминување.
Интерес за Бразилецот покажува Манчестер Сити. Гвардиола одлично го познава Бразилецот од времето кога заедно соработуваа во Баерн Минхен и сака повторно да го име во својот тим.
Сепак, тешко дека „граѓаните“ ќе се согласат да платат 40 милиони евра и се спремни да понудат половина од оваа сума.