Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ стигна до шестиот трипл-дабл во јануари, Денвер подобар од Њу Орлеанс 🎥

Јокиќ стигна до шестиот трипл-дабл во јануари, Денвер подобар од Њу Орлеанс 🎥

Српскиот ас Никола Јокиќ продолжува со одличните настапи во НБА лигата.

Јокиќ изминатата вечер стигна до шестиот трипл-дабл овој месец и вкупно 12-ти оваа сезона. Денвер славеше победа против Њу Орлеанс со 116:105. Во првото полувреме Јокиќ не блескаше, но затоа во второто беше незапирлив. Мечот го заврши со 29 поени, 13 скока и 10 асистенции.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Освен Јокиќ добри настапи прикажаа Гордон со 20 поени, Морис 13. Денвер со оваа победа е шести на табелата на Западната конференција со скор од 27 победи и 21 пораз.

Миловоки без многу проблеми славеа против Њујорк Никси со 123:108. Најдобар на теренот беше Јанис Антетокумпо кој оствари дабл-дабл од 38 поени, 13 скока и 5 асистенции. Раположен беше и Холидеј кој имаше 24 поени, 10 асистенции и 5 украдени топки.

Лејкерси кои играа без Леброн и Дејвис беа поразени од Шарлот со 117:114.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Детроит 119:103

Атланта – Бостон 108:92

Шарлот – ЛА Лејкерс 117:114

Хјустон – Портланд 110: 125

Мемфис – Јута 119:109

Мајами – ЛА Клиперс 121:114

Њу Орлеанс – Денвер 105:116

Оклахома – Индијана 110:113, по продолженијата

Сан Антонио – Чикаго 131:122

Феникс – Минесота 134:124

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…