Кошаркарите на Индијана го победија Денвер на гости со пресврт во финишот со резултат 107:115.
Никола Јокиќ за Денвер одигра одличен натпревар, меѓутоа тоа не им помогна на Наџентси. Српскиот центар натпреварот во Коларадо го заврши со 30 поени, 10 скоквои и 4 асистенции.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Домаќините водеа од првата минута, па се до финишот од натпреварот во „Пепси центарот“.
На неколку пати во третата четвртина имаа и двоцифрен број на поени, меѓутоа како што се наближуваше натпреварот кон крајот тимот на Мајк Малони играше се полошо.
Тоа Пејсерси го искористија и прво кон средината на последната четвртина изедначија, а потоа дојдоа до предност од 104:99. Од тој момент Денвер не се врати во игра.
Покрај Јокиќ во домашната екипа по 16 поени имаа Вил Бартон и Џереми Грент, 13 постигна Мејсон Пламли. Индијана до победата ја предводеше Домантас Сабонис кој оствари трипл-дабл со 22 поени, 15 скокови и 10 асистенции. Ист број на поени имаше Ти Џеј Ворен, додека еден помалку уфрли Дак Макдермот.
Наџентси сега имаат скор од 29-13 како и Јута, додека Пејсерси се на 28:15.
Во натпреварот кој се одигра порано Сан Антонио славеше против Мајами со 107:102.