Дома Останати Кошарка Јокиќ направи свое мини-шоу и не им дозволи на новинарите да му постават прашање 🎥

Јокиќ направи свое мини-шоу и не им дозволи на новинарите да му постават прашање 🎥

Никола Јокиќ и во изминатата вечер беше одличен водејќи го тимот до победа против Њу Орлеанс од 134:116.

Српскиот центар мечот го заврши со трипл-дабл кој беше негов 108, Јокиќ уфрли 35 поени, 14 скока и 12 асистенции. На вечната листа во овој поредок ги прескокан Леброн Џејмс и Џејсон Кид. Пред Јокиќ сега се само Меџик Џонсон, Оскар Робертсон и Расел Вестбрук.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Интересно беше и на прес-конференцијата по натпреварот на која Јокиќ направи свое мало шоу.

Јокиќ не дозволи новинарите да му поставуваат прашања, излезе и кратко искоментира:

„Знам што ќе ме прашате, па одма да почнеме“, се обрати Јокиќ и даде анализа на натпреварот, по што ја напушти прес-конференцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Харден во изненадувачки трејд си замина, Клиперс добија десет години помлад кошаркар

Џејмс Харден се пресели во Кливленд Кавалирс, откако Лос Анџелес Клиперс се согласија да г…