Никола Јокиќ и Денвер добиваат одлично засилување, нов член на шампионот во НБА од 2023 година ќе биде Расел Вестбрук.
Кошаркарот кој е рекордер по бројот на трипл-дабл во НБА лигата во трејд со Јута го напушти Клиперс, но се очекува негова следна станица да биде Денвер.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Крис Дан во размената замина во тимот од Калифорнија, додека Јута ги доби правата на Балша Копривица и плати 4.3 милиони долари за Вестбрук. Но, сега се очекува Денвер да го откупи договорот на плејмејкерот.
Така Јокиќ и друштвото ќе добијат одлично засилување за следната сезона во која ќе имаат за цел да го вратат шампионскиот прстен.