Српскиот репрезентативец, Лука Јовиќ пред неколку дена беше претставен на „Сантијаго Бернабеу“ како нов играч на Реал Мадрид.
Младиот напаѓач ќе добие прилика да игра во еден од најголемите клубови во светот, а после него „кралевите“ ја официјализираа соработката со Еден Азар и Ферланд Менди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се чуствував феноменално, како Бог да ми подарил дар од небото. Ми претставува големо задоволство што го носам дресот на овој клуб“, изјави Јовиќ во интервјуто за клупската телевизија на Реал.
?? ENTREVISTA A JOVIĆ
"¡Es un gran placer poder vestir la camiseta del @realmadrid!"#WelcomeJovic | #HalaMadrid pic.twitter.com/uFPFb3QPRm— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) June 15, 2019
21 годишниот Србин во трансфер вреден 60 милиони евра од Ајнтрахт дојде во Реал, а претходно го носеше дресот на Бенфика и Црвена Звезда.
„Навистина е неверојатно чуството, многу ми е мило што сум член на најголемиот клуб во светот и што ќе имам прилика да го носам овој дрес“, истакна Јовиќ.
? ¡Besando el escudo!#WelcomeJovic | #RMFans pic.twitter.com/QjpvcJdbCg
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) June 12, 2019
?? ENTREVISTA A JOVIĆ
? "Es un gran honor ser compañero de @Benzema, espero aprender mucho de él."#WelcomeJovic | #HalaMadrid pic.twitter.com/8IvxoyRvNl— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) June 15, 2019
Интересно во интервјуто е тоа што Јовиќ зборува на српски јазик.